дома Култура ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Тихомир Јанчовски прави промоција на аудио верзијата...

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Тихомир Јанчовски прави промоција на аудио верзијата од познатиот поетски роман

За прв пат македонската публика ќе има можност едно дело да го слуша во аудио формат.

Во среда со почеток во 20:30 во Планетариум (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на аудио верзија од поетскиот роман „Лидија или се што знам за жените“ од реномираниот македонски автор Тихомир Јанчовски.

Овој поетски роман е издаден одамна, но за прв пат пред македонските читатели ќе биде испромовиран во аудио форма. Според модераторката на настанот, Магдалена Стојмановиќ овој настан е од исклучително значење бидејќи е пионерски проект за помирување и интеграција на технологијата и уметноста.

-Со тој обид покажуваме дека технологијата не е зaгpoзување на уметноста, туку нaпротив може да ја негува и унaпредува. Аудио книгите се погодни за луѓе што многу патуваат или немаат доволно време да посветат само на читање на книгата, вели Стојмановиќ.

Освен обраќање на модераторот, македонската публика ќе проследи и инсерти од аудио книгата збогатени со визуелни ефeкти во „Планетариум“.

Јанчовски важи за еден од најпознатите современи македонски автори кој издава поетски романи, збирки поезија и се занимава со преведувачка дејност.