дома Спорт ЗА ПРВ ПАТ: Жена ќе cyди на Суперкупот меѓу Ливерпул и Челзи

ЗА ПРВ ПАТ: Жена ќе cyди на Суперкупот меѓу Ливерпул и Челзи

За првпат во историјата на финалните натпревари под капата на УЕФА, женски cyдија ќе води натпревар за титула во евронатпреварувањата.

Французинката Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на Суперкупот на УЕФА, кој ќе се игра на 14 август помеѓу Ливерпул и Челси во Истанбул.

Најдобриот женски cyдија го cyдеше финалето од Светското првенство за жени помеѓу Холандија и САД минатиот месец во Франција. За помошнички на Фрапар делегирани се Мануела Николоси и Мишел Онил, а четврти cyдија ќе биде познатиот Чунејт Чакир.

„Водафон Арена“, на која настапува Бешикташ на 14 август во 21:00 часот ќе биде домаќин на првиот Суперкуп на Европа во кој ќе се сретнат две англиски екипи.