дома Македонија ЗА ПУCTИ ПАРИ ТРГУВAAТ СО ПPABДАТА И ДРЖАВАТА: Синот на Панчо Минов...

ЗА ПУCTИ ПАРИ ТРГУВAAТ СО ПPABДАТА И ДРЖАВАТА: Синот на Панчо Минов вработен во Собрание, се повторува она што се случуваше кога се гласаше за Северна

Како што претходно објави Инфомакс, Собранието на Републиика Македонија деновиве повеќе наликува на пазар отколку на законодавен дом. Во трговијата се вклучени и други бенефиции како вработувања за блиски луѓе на тие што ќе гласаат, но и ветувања за добивање тендери за фирми блиски на пратениците. Инфомакс екслузивно дознава дека синот на Панчо Минов е вработен во буџетска канцеларија во Собранието. Сепак не можеме да повтрдиме дека вработувањето на неговиот син е дел од пакет понудата за да гласа за законот за обвинителство.

Деновиве во Собранието се случува реприза од настаните кога се гласаа уставниците измени, а притисокот врз пратениците повторно е на сцена во очи на гласањето во Собранието на законот за јавно обвинителство. Повеќе политички партии брифираат дека притисоците врз пратениците и трговијата со гласовите се случува само десетина часа откако лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека до раните утрински часови правел консултации за да обезбеди 80 пратеници за усвојување на новиот закон за Јавно Обвинителство.

Во случај да одбијат, за дел од пратениците во игра се и закани дека може да одговараат за тешки кривични дела. Вакво нешто слично се случуваше кога се гласаше промената на уставното име на државата.