дома Македонија За уште еден градоначалник се бара пpитвop

За уште еден градоначалник се бара пpитвop

По градоначалникот на Босилево Марјан Јанев кому веќе му е определне притвор, уште еден градоначалник е фатен во купување гласови за овие избори. и за него се бара притвор.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов се обидел да купува гласови за владеачката партија, по што луѓето врз кои се обидел да влијае го пријавиле во полиција.

Од МВР за настанот велат дека врз основа на лице кое посочило инволвираност на градоначалникот, тој бил викнат на разговор во полициска станица за случај поврзан со изборен поткуп. Истиот не е приведен.

МВР во текот на утрешниот ден ќе работи на целосно расчитување на случајот.

Како што дознава порталот Курир побаран е притвор за него.

Извор: Курир