За што се подготвува ЕУ? – Рекордни 198 милијарди во воени цели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјите членки на Европската унија потрошиле рекордни 198 милијарди евра за одбрана во 2020 година и покрај влијанието на СОВИД-19 врз глобалната економија, стои во извештајот објавен во понеделникот од агенцијата за одбрана на унијата, додека европските трошоци за соработка во одбраната се помали на 4,1 милијарди евра.

„Постојаниот пораст на европските одбранбени трошоци е позитивен развој и бројките од 2020 година покажуваат дека грешките од длабоките намалувања на одбраната по финансиската криза 2007-2008 веројатно нема да се повторат“, соопшти Јиржи Шедиви, главен извршен директор на Европската агенција за одбрана – ЕДА.

Шедиви истакна и дека „надолниот тренд на европските трошоци за соработка е особено загрижувачки“, покажувајќи пад од 13 проценти на заедничка набавка на опрема во споредба со 2019 година.

Како резултат на тоа, земјите-членки на ЕУ не ја исполнија обврската од 2017 година да потрошат најмалку 35 отсто од набавката на опремата во соработка со другите земји членки со инвестирање на само 11 проценти во 2020 година. Само три земји-членки го постигнаа прагот на повеќе од 35 проценти.

На национално ниво, ЕДА забележува 1,5 проценти од вкупните трошоци за одбрана на БДП на земјите-членки.

Шедиви ги повика земјитем членки на ЕУ „цврсто да ја преместат европската одбранбена соработка од процес на проекти“. Тој е оптимист дека овој тренд ќе биде „обратен“ бидејќи ЕУ веќр започна со одбранбени фондови и проекти.

ЕДА минатата година предупредуваше дека земјите од ЕУ не трошат доволно за одбранбено истражување и технологија, со што се доведува во прашање нивната способност да ги постигнат воените амбиции на унијата.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This