За yништyвaњeтo нa пpиpoднoтo и кyлтypнoтo бoгaтcтвo нeкoj вeќe мopa и дa oдгoвapa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крајно се неодговорни изјавите на власта од типот: „Направивме значајни чекори за зачувување на статусот на Охрид и езерото во УНЕСКО“, велат од Охрид СОС откако во дел од медиумите осамна содржината на нацрт извештајот на УНЕСКО за статусот на заштитата на охридското крајбрежје со статус на светско природно и културно наследство.

Според екологистите, додека не се објави официјалниот извештај на организацијата, не е добро да се даваат дефинитивни коментари за неговата содржина, но затоа има што да се каже за леснотијата и неодговорноста со која централната и локалната власт изјавува дека прави напори за спас на Охрид во духот на препораките на УНЕСКО.

„Само некој кој нема допир со реалноста, за извештај во кој се препорачува ставање на единственото УНЕСКО добро од Македонија на Листата на светско наследство во опасност, може да си дели комплименти дека направил „значајни чекори за зачувување на статусот на Охрид и езерото во УНЕСКО“, велат од Охрид СОС.

Челниците на македонските институции очигледно не знаат и не можат ништо повеќе освен упорно и тврдоглаво да ја продолжуваат штетната тенденција за правење театар за јавноста. Состојбата на терен е очајна, се работи кампањски, хаотично и некоординирано. Се нема една единствена визија, ниту усогласеност помеѓу управувачите со доброто (општините, министерствата, владата).

Од Охрид СОС со коментар и на изјавата на Општина Охрид дека „И покрај тоа што се работи за еден сложен процес кој бара огромен ангажман, време и средства, преку заедничко делување и соработка започнавме да спроведуваме сериозни активности со кои ставаме крај на децениската деградација на овој регион и овозможуваме услови за поголема заштита“. „Оваа изјава не може да биде подалеку од вистината. Дали општината за „сериозни активности“ со кои „става крај на децениската деградација“ ги смета фаличните процеси на усвојување на документи кои се од суштинска важност за регионот, како на пример процесот за усојувањето на Планот за управување со Охридскиот Регион со кој се продуцираше неприменлив документ и процесот за создавање на Студијата за валоризација на Охридското Езеро чијшто период на истражување е предвидено да трае само 3 месеци?!

Дали за „сериозни активности“ со кои „става крај на децениската деградација“ го смета театралното (не)рушење на бетонската база на Нефи Усеини која се наоѓа речиси на самиот езерски брег?!

Дали за „сериозни активности“ со кои „става крај на децениската деградација“ ги смета споменикот на нелегалната градба – хотелот во Лагадин, несанкционираната узурпација на Светинаумските извори, криволовот, новоизградените ѕитчиња на брегот, мистериозните тампонирања на брегот, неусогласување на законите за да би можел Планот за управување со регионот да биде применлив, додека во меѓувреме се дигаат висококатници во Старото градско јадро, а Студенчишко Блато не е ставено под привремена заштита според планот од пред една година?!

Управувањето со единствениот УНЕСКО Регион во Македонија не може да се сведе на откажување од мегаломански штетни проекти додека истовремено се допушта истата галопирачка деградација на природните вредности и истото комплетно запуштање на културното наследство!, заклучуваат од Охрид СОС порачувајќи дека е време истите партии и истите луѓе во раководните структури на институциите кои ги повторуваат истите грешки мора да бидат исфрлени од институциите и мора да одговараат за злоделата! Магичниот круг мора да се прекине!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This