дома Актуелно ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ ВО ДУХОТ НА ПРАВОСЛАВИЕТО: Општина Радовиш се збратими со Руската...

ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ ВО ДУХОТ НА ПРАВОСЛАВИЕТО: Општина Радовиш се збратими со Руската општина Запрудња!

Радовиш денес и официјално се збратими со Руската општина Запрудња

Со присуство на голем број поканети гости од општествениот живот во Радовиш и делегацијата од Русија, официјално беше потпишан референдумот за збратимување на двата града.

Градоначалникот на Запрудња, Староверов Димитриј Алексеевич изрази задоволство и најави плодна соработка од збратимувањето на двете општини.

-Драги жители на општина Радовиш, јас сум многу радосен и му благодарам на Господ за заедничката соработка, и имам чест денес со вашиот градоначалник Сашко Николовски да потпишеме меморандум за нашите взаемни за нашите взаемни односи, кои ќе придонесат за плодна соработка и дружење на нашите народи, руско-македонски. Како би можеле нашите деца да комуницираат, да има соработка помеѓу училиштата на нашите народи и како децата би можеле успешно да растат во духот на Православието! – изјави градоначалникот на општина Запрудња.