дома Македонија ЗГАСНУВА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА: Под покровителство на Камчев згаснува весникот ,,Македонски спорт’’

ЗГАСНУВА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА: Под покровителство на Камчев згаснува весникот ,,Македонски спорт’’

Верните читатели на единствениот спортски весник во Македонија, ,,Македонски спорт’’ на насловната страна на весникот можеа да прочитаат ,,Збогум’’. По речиси 20 години постоење ова е последното издание на весникот. Медиумското едноумие добива нови димензии особено во сферата на печатените медиуми каде што со затворањето на МПМ згаснаа голем број пишани медиуми кои во тие моменти беа про-опозициски настроени.

Според информации кои кружат во јавноста МПМ згасна поради заканите кои ги добивал бизнисменот Орце Камчев и уцената со т.н. бомби на СДСМ поради уредувачката политика на весниците.

Уште еден пишан медиум во Македонија згаснува под покровителство на Орце Камчев, сега му дојде редот на ,,Македонски спорт’’.

Весникот кој верно ги пренесување македонските национални спортски успеси ќе згасне, а ова е уште еден атак на се што е македонско и македонска национална гордост.

Очигледно е дека силите на власт во државата упорно се обидуваат да креираат состојба на едноумие во државата и уништување на се што е македонско.