дома Свет Згoлeмeнa вpeднocтa нa биткoинoт пo нeгoвaтa лeгaлизaциja вo Ел Салвадор

Згoлeмeнa вpeднocтa нa биткoинoт пo нeгoвaтa лeгaлизaциja вo Ел Салвадор

Вредноста на биткоинот се зголеми денеска за 13 отсто откако Ел Салвадор усвои закон со кој оваа дигитална валута стана законско средство за плаќање во таа држава.

Најстарата светска криптовалута се зголеми денеска изутрина за над 13 отсто, достигнувајќи вредност од 37.000 долари, а подоцна попладнево се намали на 36.435,96 долари.

Сепак, биткоинот е далеку под рекордното ниво од 64.829,14 долари, кој го достигна во април.

Парламентот на централноамериканската држава Ел Салвадор вчера усвои закон со кој биткоинот стана легално средство за плаќање. Тоа значи дека, меѓу другото, цените во таа земја сега можат да се изразуваат и во биткоини, а даночните обврски и придонеси можат да се исплаќаат во дигиталната валута.