дома Македонија ЗЕКОЛИ: Скандалозно е Заев да ги критикува соседите за својата неспосбност или...

ЗЕКОЛИ: Скандалозно е Заев да ги критикува соседите за својата неспосбност или инволвираност во бегството на Груевски

Арсим Зеколи на својот Твитер профил жестоко го критикуваше Зоран Заев поради неговите како што вели скандалозни обвиненија кон соседите поради неговата лична неспособност или инволвираност. Според него изјавата на Заев е поголем скандал од самото бегство на Никола Груевски. Тој прашува што очекувал Заев, соседните власти да уапсат личност за која Заев нема храброст да издаде потерница или да го држи под присмотра.

 

-Обвинението на ЗЗ кон соседите поради неговата неспособност (или инволвираност) е скандал кој го надминува самото бегство на НГ. Дали ЗЗ очекувал да соседите уапсат личност за која ЗЗ немал храброст да издаде потерница или го држи под присмотра? Неверојатна хипер-демагогија, пишува Зеколи на Твтитер.