дома Македонија ЗЕКОЛИ СО КРИТИКА ЗА ВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ: На 40 дена помен по Референдумот...

ЗЕКОЛИ СО КРИТИКА ЗА ВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ: На 40 дена помен по Референдумот и ќотекот, фураат анкета во која повторно најавуваат победа

Аналитичарот Арсим Зеколи жестоко ги критикуваше провладините медиуми и нивната последна ,,анкета” за рејтингот на партиите. Тој забележува дека навистина не може да ги разбере медиумите на Бихаќчка кои на 40 дена помен од неуспешниот референдум за промена на името и огромниот пораз кој го доживеа власта, повторно промовираат фејк анкети во кои најавуваат огромна победа на власта.

-Кој ќе им го фати умот на медиумиве од Бихаќчка! На точно 40 дена помен по Референдумот и ќотекот, фураат анкета во која повторно најавуваат победа со максимум од минимум. Па ово нема ни у ДУИ бре, пишува Зеколи на Твитер.