дома Временска Прогноза ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Попладнево почувствуван земјотрес во Скопје!

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Попладнево почувствуван земјотрес во Скопје!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 16 часот и 28 минути со Рихтерова локална магнитуда 1.9. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.