дома Временска Прогноза ЗЕМЈОТРЕС НА 120 КИЛОМЕТРИ ОД СКОПЈЕ: Еве каде бил епицентарот на вчерашниот...

ЗЕМЈОТРЕС НА 120 КИЛОМЕТРИ ОД СКОПЈЕ: Еве каде бил епицентарот на вчерашниот земјотрес!

Земјотресот што беше почувствуван ноќеска 00 часот и 20 минути во западна Македонија бил со интензитет од три степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил на 120 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.

Земјотресот бил почувствуван и во Дебар и предизвикал вознемиреност меѓу дебарчани.

Албанскиот Сеизмолошки институт, претходно соопшти дека два часа по првиот потрес следувал уште еден, но со помал интензитет.

Првиот потрес, бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, а епицентарот бил на педесеттина километри од Тирана, во близина на пограничните населени места со Македонија, поточно во планинскиот предел помеѓу градовоите Елбасан и Булќиза.

Земјотресот е почувствуван и во другите погранични македонски градови, но и во Тирана.