дома Македонија Зибери не открива дали ќе го гласа Филипче

Зибери не открива дали ќе го гласа Филипче

Пратеникот на ДУИ Арбен Зибери не открива дали ќе гласа Венко Филипче повторно да биде министер за здравство. Тој за порталот Лајм вели дека за тоа ќе зборува кога Собранието ќе ја гласа новата влада.

– Кога ќе дојде време да гласаме за владата, ќе зборувам – вели Зибери.

Тој пред изборите беше разрешен од министерот Филипче од функцијата директор на Центарот за јавно здравје во Скопје.

Зибери повтори декаимињата на кадрите на ДУИ кои биле предложени за министри во новата влада нема да се променат.

– Имаше дебати, ДУИ е демократска партија и нема проблеми. Денес продолжуваме со работата на Собранието и како што сте информирани денес на агендата е изборот на потпретседатели на Собранието.