дома Спорт ЗИДАН ЌЕ ГО ПОДМЛАДИ ТИМОТ: Кој се враќа на „Бернабеу“?

ЗИДАН ЌЕ ГО ПОДМЛАДИ ТИМОТ: Кој се враќа на „Бернабеу“?

Шпанските медиуми пишуваат дека на лето ќе има почеток на процес на реконструкција и подмладување на екипата на Реал Мадрид.

Тренерот Зинедин Зидан сака свежи фудбалери во клубот, а процесот на подмладување го почнаа со Ферланд Менди и Фед Валверде, играчи кои во иднина треба да ги заменат Марсело и Модриќ.

„АС“ пишува дека четири фудбалери ќе пристигнат на лето во клубот од Мадрид. Еден од нив е Мартин Одегард, кој игра одлично во Реал Сосиедад, а потоа Серхио Регилонм Дани Себалјос и Ахраф Хакими.

Сите четири фудбалери играат одлично во сегашните клубови, па од јуни треба да се прилагодат и на Реал, каде што се очекува да го предводат клубот.