дома Хроника ЗИЈАДИН СЕЛА „ЛЕТИЛ НА КРОВ“: Коалицискиот партнер на Заев имал полесна сообраќајка...

ЗИЈАДИН СЕЛА „ЛЕТИЛ НА КРОВ“: Коалицискиот партнер на Заев имал полесна сообраќајка во Скопје?

Градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи ДПА, Зијадин Села имал сообраќајна несреќа на улица „Скупи“ во Скопје, според непотврдени информации.

Автомобил „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, за кој се претпоставува дека е на Села, попладнево се судрил со камион.

Во несреќата нема повредени, а сообраќајот накратко бил во прекин, додека дежурните служби го тргнале „Фолксвагенот“, според тврдењата на очевидци.