дома Македонија ЗЛОТО КОЕ ВИЕ ГО ПРАВИТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ И ПО ВАС: Кој и...

ЗЛОТО КОЕ ВИЕ ГО ПРАВИТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ И ПО ВАС: Кој и зошто сака да му пушти крв на патриотот кој ги кажа своите чувства?

Кон сите оние кои го испоганија мојот колега Владо Јовановски затоа што јавно го соопшти патриотизмот за својата татковина:- “Господа” јас не знам што планирате и на кого се друг патриот треба крв да му се пушти. Злото кое вие го правите ќе живее и по вас, напиша актерот Крсте Јовановски.

-Сите вие некогаш се радувавте со него, плачевте со него, што причина имате сега да го споделите неговото патриотско чувство?  Зошто сега сите вие го бодете и касапите?
”Само затоа што јавно ја соопшти својата загриженост за државата и нејзиниот опстанок.”  Вашата “мудрост” се чита во вашите отровни зборови упатени кон еден чесен човек. Толку ли многу сте ”чесни” та сите зедовте камења в раце, и ги фрливте кон Македонецот Владо.  ОЈ, МАКЕДОНИЈО, ОЈ, МАКЕДОНИЈО, АХ, ТАА МОЈА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА, напиша Јовановски на својот Фејсбук профил.