дома Политика ЗЛОУПОТРЕБА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО КУМАНОВО: Сите вработени во Куманово по наредба во...

ЗЛОУПОТРЕБА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО КУМАНОВО: Сите вработени во Куманово по наредба во 14.00 испратени на митинг!

По наредба на Кумановскиот градоначалник, денес наместо на работа, кумановската администрација била испраќана на централниот митинг на СДСМ во Прилеп на кој имаше катастрофална посетеност

 

Не е прв пат градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ Зоран Дамјановски – Циц да ја злоупотребува општинската администрација за партиските активности на партијата, третирајќи ги како потрошна роба.

Наместо на работа, тие по наредба на Циц биле испратени на пат со цел да се зголеми очајната присутност на централниот митинг на СДСМ во Прилеп, каде што СДСМ се соочи со првиот граѓански бојкот поради големо-албанските идеи на Заев.