October 6, 2022, 12:56 am

Зоран Заев: Прeтсeдaтeлoт Вучиќ рeчe декa утpе ќе ни прaти хeликoптeри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија утре наутро ќе ни прати хеликоптери за гасење на пожари, а помош најавила и Бугарија. Премиерот Зорав Заев вечерва во Кочани кажа дека имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој му најавил дека ќе испрати хеликоптери утре.

„Претседателот Вучиќ рече ќе испрати два, три или четири хеликоптери, а помош најави и бугарскиот претседател Румен Радев. Помошта е потребна не само тука во Кочани, туку и во други региони низ земјава имаме пожари кои поради силниот ветер огнот се шири. Таков е случајот во Македонски Брод и делот меѓу Делчево и Пехчево“, рече премиерот Зоран Заев во Кочани каде вечерва пожарот кој стигна до градот е ставен под контрола.

Помош од соседните земји е најавена бидејќи „канадерите“ не можат да гасат пожари оти не се сервисирани, ниту пак е избрана фирма која ќе ги сервисира. Заев кажа дека утре Владата ќе се обиде да донесе одлука за брза набавка, бидејќи ситуацијата е итна и Бирото за јавни набавки ќе ја дозволи таквата набавка.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кажа дека во пожарот изгореле покриви на две куќи, а уште гори складот за дрва на ЈП „Македонски шуми“. Девет лица имале потешкотии со дишењето поради вдишување на чад, им била дадена лекарска помош и веќе се пуштени дома.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This