дома Политика ЗОРАН ИЛИОСКИ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА: Оваа неспособна власт во оваа година не...

ЗОРАН ИЛИОСКИ ОД СОБРАНИСКАТА ГОВОРНИЦА: Оваа неспособна власт во оваа година не успеа да реализира три четвртини од планираните капитални расходи

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот Зоран Илиoски од редовите на ВМРО ДПМНЕ каде истакна дека Владата не успеала да реализира ни три четвртини од планираните капитални расходи годинава.

„Оваа неспособна власт во оваа година  не успеа да реализира три четвртини од планираните капитални расходи, училишта, патишта, спортски сали и т.н и не знаејќи што да му прави на парите реши да ги подели каде што ќе стигне “, кажа Илиоски.

Илиоски исто така кажа дека пратениците вчера  биле сведоци на закон со кој  без никакви критериуми  се планира да се поделат 50 милиони денари на печатени медиуми по кеиф на власта.