December 6, 2022, 10:57 am

Зоран Ставрески се враќа на политичката сцена во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, Зоран Ставрески, повторно е ангажиран во редовите на најголемата опозициска партија.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Ставрески ќе биде дел од работно тело за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците кои ги ветиле пред граѓаните.

„Во работното тело кое ќе биде раководено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Ставрески, познат по тоа што беше директор во Светска банка, а си поднесе оставка додека ВМРО-ДПМНЕ се уште беше на власт од, како што беше тогаш наведено, приватни причини, а од тогаш па до денес воопшто не се појавува во јавноста.

Шамбевски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и амбасадор на Македонија во Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This