Зошто Венко Филипче го прави „Никоб Медикал“ држава во држава?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево, по жестока расправа во Комисијата за здравство во Собранието на Р.Македонија, беше запрена расправата по Законот за здравствена заштита со кој се овозможува приватни оператори да склучат договори со јавните здравствени институции за Итна помош. На овој начин и фактички ќе се приватизира Итната помош, како што обвинуваат од опозицијата, иако министерот за здравство Венко Филипче го брани предлогот, објаснувајќи дека на овој начин ќе се зголеми ефикасноста на Итната помош.

Но, дали навистина Филипче на ум ја има ефикасноста на Итната помош, или пак нешто друго се крие позади предлог измеинте во Законот за здравствена заштита.

Во овој момент единствена компанија чиј основен бизнис е пружање на Итна помош е компанијата „Никоб Медикал“, која од неодамна започна со активна работа. Како што стои законот во овој момент, „Никоб“ може да работи но исклучиво само по приватен повик на пациент.

Со новиот Закон за здравствена заштита пак, се овозможува приватните фирми како „Никоб Медикал“ да бидат дел од државниот здравствен систем, па за услугите за Итна помош, „Никоб Медикал“ да биде исплаќан од Фондот за здравствена заштита. Ако се земе во предвид актуелната состојба на државната Итна помош, во која последниве пет години воопшто не се инвестира, станува јасно дека предлог-законот за здравствена заштита крие приватни интереси.

Каде се приватните интереси?

Според информациите на „Инфомакс“, една од директорите во „Никоб Медикал“ е Виолета Филипче, тетка на актуелниот министер Венко Филипче. Таа е одговорна за биохемиската лабараторија на „Никоб“.

Но, приватните интереси не застануваат тука. Според истите извори, нешто повеќе од 40% од удделите во „Никоб Медикал“ се во сопственост на уште едно моќно македонско семејство.

Со овој „конечен чин“ пред напуштањето на функцијата, Венко Филипче си ја обезбедува својата и иднината на својот, според Заев, другар.

Опозицијата жестоко против законот

Спорните законски измени ја кренаа тензијата меѓу пратениците.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта се обидува да го истурка законот на мала врата.

„Се работи за приватизација или јавно приватно партнерство на дејноста за итна медицинска, стоматолошка помош и домашно лекување“, порача денеска Синиша Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Левица до Комисијата за здравство поднесоа 1200 амандмани, з а како што велат да го спречат донесувањето на овој штетен закон. Владата во заминување се обидува шверцерски да ја приватизира брзата помош, велат од Левица.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This