дома Свет Зошто Меланија Трамп се расплака по инаугурацијата?

Зошто Меланија Трамп се расплака по инаугурацијата?

Сопругата на новиот претседател на САД со денови е под стрес, па се ѝ се насобра.

Еден ден откако Доналд Трамп стапи на должноста претседател на САД, Трампови се појавија во катедралата во Вашингтон за да присуствуваат на традиционалната миса.

Меланија Трамп ја совладаа емоциите, па заплака додека 20-годишната Марлава Ванхос, која е родена слепа и има церебрална парализа, ја изведуваше американската химна.

Минатите денови беа многу стресни за Меланија, која беше мета на низа критики, па коментарите се дека едноставно сѐ ѝ се насобрало.