дома Свет ЗОШТО НАПАДОТ НА САД ВРЗ СИРИЈА Е ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ: Пентагон не успеа...

ЗОШТО НАПАДОТ НА САД ВРЗ СИРИЈА Е ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ: Пентагон не успеа да докаже дека во бомбардираната воена база има хемиско оружје!

Американскиот Стејт Департмент и Пентагон не успеаа да докажат дека во авио-базата која ја бомбардираа има хемиско вооружување, извести Руското министерство за одбрана


Руската војска информира дека Москва верува во тоа дека испраќање на експерти кои треба да утврдат било какво присуство на недозволено вооружување е единствениот начин да се докаже вистината.

„По 24 часа од нападот на морнарицата на САД, со масовно бомбардирање со крстаречките ракети врз авиобазата Шаират, ниту Пентагон, ниту Стејт департментот на САД немаат презентирано докази за присуство на хемиско оружје таму“, изјави портпаролот на руската армија Игор Конашенков.

Неоправданиот напад, без одобрување на Советот за безбедност на ОН или Сириската влада е еднаков на секој друг терористички напад.