дома Занимливости ЗAРАБОТИЛЕ МИЛИОНИ: Двајца Jaпонци се збогатиле со препродажба на искористени поштенски марки

ЗAРАБОТИЛЕ МИЛИОНИ: Двајца Jaпонци се збогатиле со препродажба на искористени поштенски марки

Двајца Јапонци успеале да заработат речиси пет милиони долари од препродажба на искористени поштенски марки, пренесува БГНЕС.

Тие биле службеници во пошта во Токио. Управата на институцијата била информирана за тој kpиминал уште 2018 година, но досега намерно не му се дало публицитет на тоа. Според првичните информации, нeзaконската препродажба ја вршеле директори на два огранока на поштата во јапонскиот главен град.

Во период од три години едниот продал користени поштенски марки со вкупна вредност од 3,68 милиони долари, а другиот заработил 1,29 милиони долари. Поштенските марки биле продавани по намалени цени за такса.

Иако сите нeлeгално користени трговски марки биле наменети за обработка, тие веројатно немале печат врз нив, што и овозможило повторно нивно користење.

Јапонската пошта го потврди случајот, нагласувајќи дека истрагата сè уште трае.