дома Македонија ИВАНОВ ПОД ЛУПА: Ќе се испитува закупот на канцеларии од страна на...

ИВАНОВ ПОД ЛУПА: Ќе се испитува закупот на канцеларии од страна на Иванов

Антикорупциска комисија ќе испитува судиp на интереси во одлуката поранешниот претседател Ѓорге Иванов да закупи канцеларии во зградите на Џевахир. Отворањето на постaпката следи по написите во медиуми дека сопственик на зградите каде Иванов ќе закупи простор е фирмата Турмак, во сопственост на семејство со кое Иванов има кумашински релации.

На денешната седница Комисијата одлучи да се испитаат сом нежи за вакви зл оупотреби и кај поранешни претседатели на државата. Како што рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, освен можен судиp на интереси ќе се испитува и постапката за избор на канцелариски простор кај досегашните претседатели.

-Ќе испитуваме дали има државната служба за општи и заеднички работи да понуди простории, ако нема тогаш како се врши изборот на тие простории – рече Ивановска.

Во случајот со Иванов станува збор за закуп на два стана кои ќе ги користи како негов кабинет. Становите се со површина од 274m2, а киријата е во висина од 1.950 евра месечно, средства што ќе ги покрива државата.