дома Балкан ИВАН ПЕРНАР ИЗЕДЕ ЌОТЕК ПРЕД НАРОДНАТА КУЈНА ВО ЗАГРЕБ: Младиот хрватски пратеник...

ИВАН ПЕРНАР ИЗЕДЕ ЌОТЕК ПРЕД НАРОДНАТА КУЈНА ВО ЗАГРЕБ: Младиот хрватски пратеник кој направи сензација со својот говор, изеде ќотек!

Пратеникот во Хрватското собрание Иван Пернар одлучил да оди пред загребската народна кујна и да ги сними луѓето кои стојат во ред за саботниот ручек, но на една госпоѓа тоа воопшто не и се допаднало, па му залепила шамар и продолжила да го тепа и пцуе, пренесуваат медиумите

Се наведува дека Пернар не добил помош од ниту еден од присутните, но никој не и се придружил ниту на госпоѓата која го тепала.

Пернар видео-снимкат ја објави на Фејсбук, каде што многумина застанаа во негова одбрана тврдејќи дека госпоѓата лошо се однесувала, додека некои тврдат дека Пернарне требало да ги снима корисниците на народната кујна.
Тепањето не го поколеба Пернар и продлжи да разговара со луѓето кои по храна доаѓаат во народната кујна.
„Сакав да укажам на вистинската слика за Хрватска, дека од 800 куни (106 евра) социјална помош не може да се живее и дека оние кои се нарекуваат големи домољубци се причината поради која овие луѓе патат. Исто така не ми е ејасно зошто ручекот во народната кујна на Град Загреб чини повеќе отколку оној наш во Собранието и зошто на него се плаќа ДДВ, а на нашиот не. Сакав да видам каква храна има таму, што јадат луѓето, но обезбедувањето не ме пушти“, рекол Пернар за хрватските медиуми.