дома Социјални Мрежи ИВОР МИЦКОВСКИ НА ФЕЈСБУК: Тотална нула. Брифингот на Заев и четири министри...

ИВОР МИЦКОВСКИ НА ФЕЈСБУК: Тотална нула. Брифингот на Заев и четири министри е тотална нула, да те фати језа

Тотална нула. Вака Ивор Мицковски, го оценува денешниот брифинг на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

-Денешниот брифинг на Заев и 4 министри беше фестивал на неспособност, некомпететност, незнаење, немање идеи, непознавање на материја, тотална испразнетост од значење и дури и неспособност нешто, ама барем нешто околу реформите да се искомуницира.  Значи тотална НУЛА, да те фати језа дека овие ќе не реформираат демек, напиша тој на својот Фејсбук профил.