дома Македонија ИВЧЕВА ПОВИКА НА БОЈКОТ: Референдумот под вакви услови со вака формулирано прашање...

ИВЧЕВА ПОВИКА НА БОЈКОТ: Референдумот под вакви услови со вака формулирано прашање воопшто нема смисла!

Во вчерашното гостување во дебатната емисија Отворено студио на Алфа телевизија, Наталија Ивчева која по професија е политиколог и новинар, повика на бојкот на престојниот референдум за промена на името кој е предвидено да се одржи на 30-ти август.

Имено Ивчева аргументирано и со факти го прегази својот соговорник, кој неуспешно се обедиуваше да ја изманипулира целата македонска јавност, не прифаќајќи основни факти околу договорот со Грција и бранејќи го истиот. Ивчева истакна дека излегувањето на референдум под вакви услови со вака формулирано прашање , нема смисла. Таа потсети и на уште една причина зошто бојкотот е единствена опција, и напомена дека референдумот е консултативен и дека Заев најави дека не е важно што ќе одлучат граѓаните, понатаму процесот ќе го превземат институтициите во свои раце.

-Лично мене ако ме прашувате јас сум за бојкот и против референдумот. Значи излегувањето според мене на референдум воопшто под вакви услови со вака формулирано прашање апсолутно нема смисла. И плус референдумот да не заборавиме е консулатативен и тоа како што гледаме од изјавите на господинот Заев, самиот кажа дека воопшто нема да се земе предвид во било каква одлука и самиот рече ако успеам сега добро да го цитирам, дека какви и да се резултатите, сепак ако не се добри и не му одговараат на Заев и на Владата, тогаш тие ќе сами ќе одлучат, односно ќе одлучат институциите, вели Ивчева.