дома Македонија ИГОР ЈУГ ОД КАЦАРСКА И ОБВИНИТЕЛКАТА: Кој нормален налогодавач ќе најми 47...

ИГОР ЈУГ ОД КАЦАРСКА И ОБВИНИТЕЛКАТА: Кој нормален налогодавач ќе најми 47 годишен ветеринарен техничар, дијабетичар со висок притисок да го убие Заев?!

Низа нелогичности го пратат случајот 27 април во кој уставобранителите срамно се обвинети за тероризам. Имено Игор Југ во својот воведен говор пред судот постави логично прашање:


-Кој нормален налогодавач, покрај илјадници воени и полициски специјалци, од 20 или 30 години ќе најми 47 годишен ветеринарен техничар, дијабетичар, со притисок 200 со 100, за убиец, вели тој.

Тој рече дека влегол низ главната врата и бил снимен од собраниските камери како лута 1 час бидејќи за прв пат влегол во Собранието. „Како ќе влезам во Собранието без маска, висок скоро метар и 90 сантиметри, тетовиран по целото тело, со брада скоро до градите? Носев маичка со кратки ракави ХОС (хрватске одбранбене силе)?“. Тој истакна дека со лесно препознатливиот изглед тој бил најлесен плен за собраниските камери, додавајќи дека секој негов гест го има на камерите.

„Која земја би ме заштитила како убиец на пример?’’, праша Југ.

Обвинетиот рече дека немало потреба да го пробива полицискиот кордон бидејќи таков немало „Земјава, која ја сакам како Хрватска ме прогласи за терорист’’, заклучи тој кој по етничка припадност е Хрват.