дома Занимливости Игор Џамбазов се огласи по написите дека завршил во болница

Игор Џамбазов се огласи по написите дека завршил во болница

Деновиве во медиумите се појави вест дека македонскиот шоумен Игор Џамбазов завршил во болница.

Според пишувањата на Игор му се влошила здравствената сосотојба, а веста ја потврдил негов близок пријател.

Меѓутоа, дали од лошо известени извори или пак станува збор за шпекулации, оваа веста испадна како неточна и ја демантираше самиот Игор кој преку видео на Фејсбук објасни дека е добро.

„Петок навечер за мене е резервиран за шпански и германски фудбал. На полувремето влегувам на порталите и што да видам. Видов дека сум однесен во болница и дека сум итно опериран. Морам да ви кажам хејтери дека сум почесетен што во овој напнат ден, кога очекуваме многу работи да се решат за државата и некои луѓе да завршат таму каде што треба да завршат, што се сетивте на мене, бескрајно сум ви благодаран. За мојата умирачка ќе почекате малку“ изјави Игор во видеото.


Дека Игор навистина е добро, покажа и кога пред неколку часа на „Facebook Story“ сподели фотографија од прекрасна глетка во Маврово.