дома Македонија Идните дeнoви ќe знaeмe зa кoлкy ќe пocкaпи cтpyjaтa

Идните дeнoви ќe знaeмe зa кoлкy ќe пocкaпи cтpyjaтa

Евтината тарифа на струјата ќе остане, а новата цена ќе се знае наскоро. 

Следната недела РКЕ ќе соопшти кои од барањата на Мепсо и Електродистрибуција ќе бидат прифатени. Но, новата цена најмногу зависи од цената на произведената струја која ЕСМ во понеделник треба да ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ. Цената нема да се открие се до објавувањето на тендерот. Сепак, од Владата уверуваат дека поскапување нема да има, а домаќинствата ќе добијат ново растеретување со намалувањето на ДДВ од 18 на 5 проценти. 

Новата цена на струјата ќе важи од први август. Лани струјата поскапи за 7, 4 проценти на барање на државните енергетски компании.