дома Локално ИЗБЕГАЛ КРОКОДИЛОТ: Крокодилот од скопската Зоолошка градина избегал од живеалиштето

ИЗБЕГАЛ КРОКОДИЛОТ: Крокодилот од скопската Зоолошка градина избегал од живеалиштето

Крокодил од Зоолошката градина во Скопје синоќа избегал од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, објави „Призма.мк“.

 

Како што пишува порталот  крокодилот бил најден во езерото и бил повторно пренесен во своето живеалиште. Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил изутринава не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште и дека треба да се смени ниската ограда.

Во Зоолошката градина во Скопје има два алигатори, мажјак и женка. Синоќа женката останала во своето живеалиште, а мажјакот ја направил ноќната прошетка.