дома Хроника Изби пoжap во куќа во Охрид, пoвpeдeно едно лицe

Изби пoжap во куќа во Охрид, пoвpeдeно едно лицe

Во СВР Охрид вчера околу пладне било пријавено дека на ул. „Крали Марко“, во куќа сопственост на Љ.Д.(59) настанал пожар.

– Во пожарот со повреди се здобил нејзиниот син Љ.Д. (25) и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.