дома Македонија ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ: Ако не помине референдумот и гласањето во собранието на...

ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ: Ако не помине референдумот и гласањето во собранието на договорот со Грција, Димитров најавува предвремени избори

Успешниот референдум е само начин да се добие политички легитимитет на договорот за името со Грција, но не и услов истиот да стапи во сила, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната трибина во Тетово.

Според него, само преку уставните измени договорот ќе може да се ратификува преку гласање во парламентот од страна на две третини од пратениците, но доколку тоа не се случи, тој не ја исклучи можноста за предвремени парламентарни избори.

– Партиите треба да се натпреваруваат на политички план во многу области, но не и за вакво крупно прашање, рече тој, апелирајќи oпозициската ВМРО ДПМНЕ да ги повика гласачите да излезат на референдумот.