дома Европа ИЗБOPИ НА 12 ДЕКЕМВРИ: Пpaтениците во Велика Британија изгласаа предлог-закон за декемвриски...

ИЗБOPИ НА 12 ДЕКЕМВРИ: Пpaтениците во Велика Британија изгласаа предлог-закон за декемвриски избори

Велика Британија ќе одржи избори на 12 декември, откако пратениците изгласаа поддршка за предлогот, по неколкумесечниот застој со брегзитот, објави Би-би-си.

 

 

 

Со разлика од 438 наспрема 20 гласа, долниот дом на британскиот парламент го одобри предлог-законот, отворајќи го патот за првите декемвриски избори во земјата уште од 1923 година.

 

Предлог-законот сè уште треба да биде одобрен од лордовите, но може да стане закон до крајот на неделава.

 

Ако тоа се случи, ќе има петнеделна кампања до денот на гласањето.