дома КОВИД-19 (Коронавирус) ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД НАРОДНА БАНКА: Банките и менувачниците за врееме на вонредната состојба...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД НАРОДНА БАНКА: Банките и менувачниците за врееме на вонредната состојба ќе работат нормално

Народната банка вечерва информира дека и по прогласувањето на вонpeдна состојба, финансиските институции за кои таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган – банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни.

-Како што веќе известивме, ние сме во постојан контакт со овие финансиски институции и тие се подготвени да ви ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности, се наведува во соопштението од кабинетот на гувернерката на Народната банка