дома КОВИД-19 (Коронавирус) ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈСП: Измени на возниот ред и работата на билетарите согласно...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈСП: Измени на возниот ред и работата на билетарите согласно новата одлука за зaбрана за движење

Од ЈСП информираат дека од утре, среда (8.04.2020 год) согласно одлуката на Влада на РСМ за зaбрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

Јавниот превоз нема да функционира од петок (10.04.2020 год) од 16 часот, до понеделник (13.04.2020 год) до 5 часот.
Во истиот период нeма да работат билетарниците и центрите за персонализација.

Утре, среда (8.04.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред.
Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.