дома Хроника ИЗГОРЕ „БМВ“ ВО СКОПЈЕ: Целосно изгоре „БМВ“ во Скопје

ИЗГОРЕ „БМВ“ ВО СКОПЈЕ: Целосно изгоре „БМВ“ во Скопје

Вчера во 11:30 часот во Скопје на улицата „Зендел Џемаил“, од засега непознати причини било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 46-годишниот Г.И. од село Булачани, скопско. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.