дома Хроника ИЗГОРЕ ПИЦЕРИЈА ВО СКОПЈЕ: Позната пицерија во „Чаирчанка“ изгоре до темел

ИЗГОРЕ ПИЦЕРИЈА ВО СКОПЈЕ: Позната пицерија во „Чаирчанка“ изгоре до темел

На 16.04.2018 година околу 04.00 часот во Единицата за информации Скопје, од страна на случаен минувач било пријавено дека во трговскиот центар „Чаирчанка“ на ул. „Цветан Димов“ избувнал пожар во пицерија.

На местото на настанот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.