дома Локално ИЗГРАДБА НА ТРИМ ПАТЕКА, ЗАТВОРЕН БАЗЕН И ЛИЗГАЛИШТЕ: Митко Јанчев со капитални...

ИЗГРАДБА НА ТРИМ ПАТЕКА, ЗАТВОРЕН БАЗЕН И ЛИЗГАЛИШТЕ: Митко Јанчев со капитални проекти за спортот во Кавадарци!

Развивањето на спортот и физичката култура ќе бидат еден од приоритетите на Митко Јанчев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци.

-Нивното редовно и секојдневно практикување е потреба за нормален психофизички развој на човекот спортот и физичката култура директно влијаат во спречување на појава на телесни деформитети, особено кај децата од училишна и предучилишна возраст. Во нашата програма има предвидено комплетна реконструкција на спортската сала „Јасмин“, доградба на трим патека на игралиштето, затворен базен и лизгалиште.