September 29, 2022, 10:45 pm

Изет Меџити: Груби и Османи нe гo пpeтcтaвyвaaт eлeктopaтoт нa ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кон средината на јуни можна е реконструкција во владата  и покрај тоа што премиерот Зоран Заев пред некој ден изјави дека тоа нема да се случи, но дека промените ќе настанат на инсистирање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави Слободен печат.

Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити го повтори ставот дека  вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи не го претставуваат електоратот на ДУИ.

Тој вели дека доколку нешто не се промени во ДУИ, партијата ќе има проблеми во октомвриските локални избори.

Нема итни причини за реконструкција на владиниот кабинет, вели Меџити за Слободен печат, но додаде дека првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи повеќе не треба да бидат на овие функции.

– Г. Груби и г. Османи не се оние кои можат веродостојно да го претставуваат електоратот на ДУИ во Скопје. Груби е вицепремиер и го води политичкиот систем, колку политички прашања напреднаа во овој период, колку капитални инвестиции има во овој период. Прашањето за систематизацијата на вработените во администрацијата како се одвива? Колкав е процентот на Албанци во владини тела, министерства, агенции итн. Врз основа на информациите што ги имам е многу мала, така што застапеноста на Албанците е мала. Незадоволство има и во другите ограноци на партијата, рече Меџити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This