дома Политика ИЗЕТ МЕЏИТИ: Претседателството ќе дише албански како Парламентот и Владата

ИЗЕТ МЕЏИТИ: Претседателството ќе дише албански како Парламентот и Владата

Шефот на изборниот штаб за претседателските избори, Изет Меџити, на жителите на Боговиње и села кои гравитираат во оваа општина, истакна дека во текот на оваа недела на кампањата стана појасна идеја за консензуалниот кандидат за претседател на државата, идеја која одамна е пласирана од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

-Така како што албански дише Парламентот, дише на албански и Владата на Република Северна Македонија, сакаме и претседателството да биде во ист дух, затоа што сакаме да имаме претседател кој ќе му помогне на евроинтегративниот процес, а не како сегашниот претседател Иванов. Повикувам да се комуницира со граѓаните, со цел да се прошири идејата за консензуален претседател, и да се прошири идејата дека ние не сме заинтересирани само да учествуваме, да изгориме некој политички, туку едноставно заинтересирани сме за придвижување на земјата кон НАТО и Европската Унија, истакна Меџити.