дома Македонија ИЗЛЕЗЕНОСТА ВО АЛБАНСКИТЕ СРЕДИНИ МАЛА: Во македонските над очекувањата

ИЗЛЕЗЕНОСТА ВО АЛБАНСКИТЕ СРЕДИНИ МАЛА: Во македонските над очекувањата

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска. Доколку се анализира излезеноста по региони, во регионите во кои има мнозинско албанско население, излезеноста е далеку по мала па така до 10 часот, а најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње.

За разлика од албанските средини во македонските излезеноста е над очекувуањата, па така највисока излезност до 10 часот е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово

На ниво на територија на цела Македонија на гласање до 10 часот излегле 99.192 гласачи. Во првиот круг од изборите до 10 часот излезеноста изнесуваше 6,05 отсто, што значи дека во вториот круг гласале повеќе граѓани до 10 часот.