дома Македонија Излезноста до 15 часот е за два отсто поголема од првиот круг

Излезноста до 15 часот е за два отсто поголема од првиот круг

ДИК ја соопшти излезноста до 15 часот. Од 7 часот утрово до 15 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 527.068  граѓани со право на глас.

Излезеноста изнесува 30.34%,  соопшти портпаролот Љупка Гугуческа. Ова се резултати од одработени 99.67%. Одѕивот на гласањето на првиот круг од Претседателските избори до 15 часот изнесуваше 28,89 проценти.