дома Македонија Излезноста до 19 часот 45,77 проценти, останува уште еден час за гласање

Излезноста до 19 часот 45,77 проценти, останува уште еден час за гласање

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Во Втората изборна единица излезноста е 43,04 проценти, во Третата 51,52 и во Петтата 44,89 проценти.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот.