дома Здравје Излекуван е првиот човек заразен со ХИВ

Излекуван е првиот човек заразен со ХИВ

44-годишниот Британец  е првиот човек на светот која се излекувал од ХИВ користејќи ја новата терапија што ја осмислиле тим научници од пет британски универзитети.

Научниците изјавиле за “Сандеј Тајмс” дека вирусот сосема исчезнал од неговата крв и дека, во случај така да остане, тој ќе биде првиот маж кој ќе биде излекуван од ХИВ.
“Ова е еден од првите сериозни обиди да се пронајде комплетен лек за ХИВ. Сега ја истражуваме реалната можност на лекувањето. Ова е голем предизвик и се’ уште е рано, но напредокот е неверојатен”, изјавил Марк Семјуелс, директор на Националниот институт за истражување во здравството.
ХИВ е тешко излечлива болест, бидејќи влијае врз имунолошкиот систем, сраснува со ДНК и со Т-клетките, така што тие не ја игнорираат болеста, туку ја шират.

Антивирусните третмани кои се применуваат во моментот влијаат на тој процес, но не можат да ги откријат заразените Т-клетки, што значи дека телото на пациентот по терапијата продолжува да го репродуцира вирусот.
Новата терапија функционира во две фази – првата е кога вакцината ќе му помогне на телото во препознавање на клетките кои се инфицирани со ХИВ и потоа ги чисти, а втората кога лекот “Вориностат” ги активира заспаните, скриени Т-клетки за да ги воочи имунолошкиот систем.
Идентитетот на пациентот не е откриен, освен дека работи во Лондон како социјален работник. Тој изјавил дека е “претпазливо воодушевен” од резултатите.

извор:http://www.independent.co.uk/