дома Хроника Излeтaл oд пaтoт и пoчинaл нa лицe мecтo: Дeтaли зa нecpeќaтa вo...

Излeтaл oд пaтoт и пoчинaл нa лицe мecтo: Дeтaли зa нecpeќaтa вo кoja зaгинa млaд кaвaдapчaнeц

Млад кавадарчанец го загуби животот во несреќата што се случила вчера 16.10 часот на локалниот пат кон с.Крњево, при вкрстувањето со локален пат за с.Барово, кавадаречко.

Како што соопшти МВР денеска, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот. Г.Н. починал на местото на незгодата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.