дома Временска Прогноза Измени во сообраќајот за Водици – овие улици ќе бидат затворени

Измени во сообраќајот за Водици – овие улици ќе бидат затворени

Сообраќајната полиција при СВР Скопје по повод големиот христијански празник Водици задутре ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници во централното градско подрачје и во општина Ѓорче Петров, информира МВР.

Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општина Ѓорче Петров, пак, од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по улицата „Ѓорче Петров“, па лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и „Александар Циборовски“ до Железничкиот мост на реката Вардар.