дома Македонија ИЗНЕНАДЕНИ И ВО МВР: Бројките на оперативниот штаб задолжен за обезбедување на...

ИЗНЕНАДЕНИ И ВО МВР: Бројките на оперативниот штаб задолжен за обезбедување на митингот неколкукратно надминати!

Оперативните бројки кои што циркулираат во комуникацијата меѓу полициските сили кои го обезбедуваат протестот на опозицијата се неколку пати повисоки од очекуваните во работната група во МВР која го планирала обезбедувањето – пренесе порталот „Експрес.мк“

Според полициските оперативци кои досега биле дел од голем број митинзи и протести на протестот на опозицијата вечерва има најмалку 60 илјади луѓе.

Според оперативните анализи на експертите на МВР кои имаат пристап до сите потребни податоци од локациите што се обезбедуваат и информациите од полициските дронови вечерва се случил еден од најголемите митинзи во последниве десетина години.